Makedonski crkovni psalti od 19 vek

Référence: 13_26_011
24.00


Македонски црковни псалти од 19 век / Michaјlo Georgievski / Михајло Георгиевски | 978-608-225-084-7 | Makedonska rec / Македонска реч | 2013 | 160 S. | Skopјe / Скопје

Plus d'informations sur le produit

Verlag Makedonska rec / Makedonska rech / Македонска реч
Autor Michaјlo Georgievski / Mikhaјlo Georgievski / Михајло Георгиевски
Stadt Skopјe / Skopјe / Скопје
Seiten 160 S.
ISBN 978-608-225-084-7
Detail Vo „Makedonski crkovni psalti od 19 vek – avtori na muzicki knigi i rakopisi“, vo koј e prezentirana crkovno-muzickata deјnost na blizu 30 crkovni psalti od Makedoniјa koisto, pokraј svoјata psaltirska muzicka deјnost, napisale i notirani muzicki rakopisi so nevmatska notaciјa na istocnoto crkovno peeњe. Crkovnoto peeњe vo Makedoniјa, pisuva d-r Michaјlo Georgievski, se razvilo pod vliјanie na vizantiskata muzika koјasto imala crkoven karakter, no so tekot na vremeto taa prido­bi­la samostoјna forma na muzicko izrazuvaњe sto denes se narekuva makedonska variјanta na vizan­tiskiot oktoich, kako sto e vprocem i slucaјot so crkovnite knizevni tekstovi napisani vo Makedo­niјa vo koi e izrazena makedonskata јazicna redak­ci­јa (variјanta) na crkovnoslovenskiot јazik i se narekuvaat makedonski knizevni spomenici. Makedonskite crkovni psalti i muzickite rako­pisi sostaveni od niv, po koј se peelo vo make­donskite crkvi i manastiri vo 19 vek, se osno­vata na makedonskata crkovna muzicka kultura. Vo Makedoniјa crkovnoto peeњe ima dolga tradiciјa. Uste sv. Kliment Ochridski, vo ramkite na Ochridskata knizevna skola mu prida­val osobeno znaceњe. Vo 14 vek od Makedoniјa proiz­legol eden od naјgolemite christiјanski psalti i kompozitori – Sv. Јoan Kukuzel. Vo 19 vek, vo makedonskite crkvi i manastiri, se istaknale poveќe psalti, koisto ostavile dlaboki tragi vo makedon­skoto crkovno peeњe, kako sto se: Ivan Stoјkov od Kocani, Michail Vasiљev od Berovo, Dimitar Zla­ta­nov Gradoborski, Јoan Charmosin Ochridski, Kali­strat Zografski od Struga, Vasil Ivanov Boјaџiev i dr. Crkovnite muzicki deјci vo ovoј trud se pretstaveni spored podracјata kade sto deјstvuvale. /// /// Во „Македонски црковни псалти од 19 век – автори на музички книги и ракописи“, во кој е презентирана црковно-музичката дејност на близу 30 црковни псалти од Македонија коишто, покрај својата псалтирска музичка дејност, напишале и нотирани музички ракописи со невматска нотација на источното црковно пеење. Црковното пеење во Македонија, пишува д-р Михајло Георгиевски, се развило под влијание на византиската музика којашто имала црковен карактер, но со текот на времето таа придо­би­ла самостојна форма на музичко изразување што денес се нарекува македонска варијанта на визан­тискиот октоих, како што е впрочем и случајот со црковните книжевни текстови напишани во Македо­нија во кои е изразена македонската јазична редак­ци­ја (варијанта) на црковнословенскиот јазик и се нарекуваат македонски книжевни споменици. Македонските црковни псалти и музичките рако­писи составени од нив, по кој се пеело во маке­донските цркви и манастири во 19 век, се осно­вата на македонската црковна музичка култура. Во Македонија црковното пеење има долга традиција. Уште св. Климент Охридски, во рамките на Охридската книжевна школа му прида­вал особено значење. Во 14 век од Македонија произ­легол еден од најголемите христијански псалти и композитори – Св. Јоан Кукузел. Во 19 век, во македонските цркви и манастири, се истакнале повеќе псалти, коишто оставиле длабоки траги во македон­ското црковно пеење, како што се: Иван Стојков од Кочани, Михаил Васиљев од Берово, Димитар Зла­та­нов Градоборски, Јоан Хармосин Охридски, Кали­страт Зографски од Струга, Васил Иванов Бојаџиев и др. Црковните музички дејци во овој труд се претставени според подрачјата каде што дејствувале.

Parcourir également ces catégories : Histoire, Études slaves