Makedonika br.5-6

Référence: 13_26_008
18,00


Македоника бр. 5-6 / / | 1857-7539 | Makedonika litera / Македоника литера | 2012 | 148 S. | Skopјe / Скопје

Plus d'informations sur le produit

Verlag Makedonika litera / Makedonika litera / Македоника литера
Autor / /
Stadt Skopјe / Skopјe / Скопје
Seiten 148 S.
ISBN 1857-7539
Detail Dvobrojot 5-6 (za 2012) na spisanieto MAKEDONIKA sodrži blizu dvaeset tekstovi koi tematski se povrzani so Makedonija, Meǵu drugoto, e objaven izvadok od dosega neobjavenata Istorija na Makedonija na Pavel Šatev, so koja toj se legitimira za prviot makedonski intelektualec istoriograf koj ja koristi naučnata metodologija i koj pišuva istorija na Makedonija. Vo bogatata ostavina vo rakopis na edna od najznačajnite ličnosti od makedonskata istorija – Pavel Šatev, meǵu drugoto, se začuvani i poveḱe trudovi za istorijata na Makedonija, koi spored opfatot na istoriskite periodi, ja zafaḱaat rečisi integralnata istorija na Makedonija. Na istorijata na Makedonija Šatev ì se posvetil poslednite godini od svojot život, koristejḱi i citirajḱi relevantna svetska literatura. Vo spisanieto se objaveni i dosega nedovolno poznati dokumenti i materijali pišuvani od Metodija Šatorov Šarlo, potoa spomeni na Olivera Trenčeva za Kostantin Trenčev, eden od osnovačite na VMRO 1945 i inicijatorite za plebiscit za samostojna makedonska država vo 1945 godina, statii na Naume Radičevski za braḱata Miladinovci, nivniot zbornik i za nerazrešenata zagatka za nivniot životen kraj, na Stefan Vlahov Micov za Ilindenskoto vostanie i makedonskata emancipacija, Nina Anastasova Škrinjariḱ pišuva za dionisiskite elementi vo makedonskiot folklor i pretstavata za samovilite, Zoran Spasovski za nov evolutiven pristap vo ispituvanjeto na razvojot na čovečkite glasovi i pojavata na palatalnite glasovi vo staroslovenskiot jazik i glasovnata struktura na sovremeniot makedonski jazik vo negovata svetlina, Vasil Tocinovski pišuva za makedonističkite istražuvanja na Goran Kaloǵera – eden od najaktivnite makedonisti vo svetot, Ljubica jančeva i Katerina Mirčevska pišuvaat za ustavnite promeni vo 1971/ 74 i državnosta na Makedonija, Neven Radičeski za antiliberalističkiot udar vo Makedonija vo 70-tite godini na HH vek, Ivan Ivanji po povod stogodišninata od smrtta na Karl Maj i negovata povrzanost so Balkanot i Makedonija, a Vitomir Mitevski za monografijata za crkovnata tradicija na Tanas Vražinovski. Po povod stogodišninata od raǵanjeto na Kole Nedelkovski objavena e negova rodoljubiva lirika, a na krajot na ovoj broj na spisanieto e objavena rubrikata so bibliografski opisi na petnaesetina novi izdanija posveteni na makedonski temi. /// /// Двобројот 5-6 (за 2012) на списанието МАКЕДОНИКА содржи близу дваесет текстови кои тематски се поврзани со Македонија, Меѓу другото, е објавен извадок од досега необјавената Историја на Македонија на Павел Шатев, со која тој се легитимира за првиот македонски интелектуалец историограф кој ја користи научната методологија и кој пишува историја на Македонија. Во богатата оставина во ракопис на една од најзначајните личности од македонската историја – Павел Шатев, меѓу другото, се зачувани и повеќе трудови за историјата на Македонија, кои според опфатот на историските периоди, ја зафаќаат речиси интегралната историја на Македонија. На историјата на Македонија Шатев ѝ се посветил последните години од својот живот, користејќи и цитирајќи релевантна светска литература. Во списанието се објавени и досега недоволно познати документи и материјали пишувани од Методија Шаторов Шарло, потоа спомени на Оливера Тренчева за Костантин Тренчев, еден од основачите на ВМРО 1945 и иницијаторите за плебисцит за самостојна македонска држава во 1945 година, статии на Науме Радичевски за браќата Миладиновци, нивниот зборник и за неразрешената загатка за нивниот животен крај, на Стефан Влахов Мицов за Илинденското востание и македонската еманципација, Нина Анастасова Шкрињариќ пишува за дионисиските елементи во македонскиот фолклор и претставата за самовилите, Зоран Спасовски за нов еволутивен пристап во испитувањето на развојот на човечките гласови и појавата на палаталните гласови во старословенскиот јазик и гласовната структура на современиот македонски јазик во неговата светлина, Васил Тоциновски пишува за македонистичките истражувања на Горан Калоѓера – еден од најактивните македонисти во светот, Љубица Јанчева и Катерина Мирчевска пишуваат за уставните промени во 1971/74 и државноста на Македонија, Невен Радически за антилибералистичкиот удар во Македонија во 70-тите години на ХХ век, Иван Ивањи по повод стогодишнината од смртта на Карл Мај и неговата поврзаност со Балканот и Македонија, а Витомир Митевски за монографијата за црковната традиција на Танас Вражиновски. По повод стогодишнината од раѓањето на Коле Неделковски објавена е негова родољубива лирика, а на крајот на овој број на списанието е објавена рубриката со библиографски описи на петнаесетина нови изданија посветени на македонски теми.

Parcourir également ces catégories : Histoire, Histoire moderne, Études slaves, Critique littéraire